Штедилницата „Интер фалко“ престанува со работење

Bez autora
Dec 20 2012

Гувернерот на Народна банка на Македонија донесе решение со кое се издава претходна согласност за престанување со работа на штедилницата „Интер фалко“. Со решението, според член 154 од Законот за банките, е укината дозволата за основање штедилница издадена во 1993 година, и е утврдено дека се исполнети условите за спроведување на ликвидациска постапка. Од денот на донесување на решението, до денот на уписот на ликвидаторот во трговскиот регистар, штедилницата треба да престане со извршувањето на сите активности, освен со наплатата на побарувањата. Врз основа на доставената документација со состојба на 30 ноември годинава, штедилницата располага со имот кој е доволен за намирување на доверителите и депонентите. „Врз основа на член 170 од Законот за банките, НБМ го достави решението заедно со предлогот за спроведување ликвидациска постапка до надлежниот суд.

Штедилницата „Интер фалко“ престанува со работењеГувернерот на Народна банка на Македонија донесе решение со кое се издава претходна согласност за престанување со работа на штедилницата „Интер фалко“.

Со решението, според член 154 од Законот за банките, е укината дозволата за основање штедилница издадена во 1993 година, и е утврдено дека се исполнети условите за спроведување на ликвидациска постапка. Од денот на донесување на решението, до денот на уписот на ликвидаторот во трговскиот регистар, штедилницата треба да престане со извршувањето на сите активности, освен со наплатата на побарувањата.

Врз основа на доставената документација со состојба на 30 ноември годинава, штедилницата располага со имот кој е доволен за намирување на доверителите и депонентите. „Врз основа на член 170 од Законот за банките, НБМ го достави решението заедно со предлогот за спроведување ликвидациска постапка до надлежниот суд. Според член 157 од овој закон, судот треба да донесе решение за спроведување ликвидациска постапка најдоцна во рок од три работни дена од приемот на предлогот“, се вели во соопштението од НБМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik